Македонија
24. July 2022 - 16:54
Топлото време ги наполни туристичките центри
Сезоната во Охрид во полн ек. Гужви има низ чаршијата, стариот дел од градот и рестораните, а високите температури ги наполнија и плажите долж езерото каде посетителите се разладуваат во езерските води. Најбројни се туристите од Холандија, Полска, Турција оние од нашето соседство но и домашните.
Белата флота ова лето го бранува езерото. Бродарите задоволни од интересот на туристите тие велат дека најбарани се панорамските прошетки по водите .
Со оглед на зголемениот број на туристи овој период а и деновите кои престојат кога во градот се нудат бројни забави, манифестации и концерти за сечиј вкус од полицијата апелираат за внимателност и најавија дека имаат засилени контроли низ целиот град особено на оние места каде има најголема фрквенција.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
