Пациентите со механичка поткрепа на срце ќе добијат резервни батерии
Пациентите со механичка потпора на срцето после долги преговори конечно добија резервни батерии. Врзани со механичка пумпа 24 часа за овие пациенти батериите и струјата значат извор на живот.
Со кабел од стомакот приклучен на контролор во струја може да се седи дома, но за излезеш надвор треба ранец со дополнителни две батерии, вели Васко Јолески, од „Храбро срце“.
Петнаесетина пациенти во државата беа секојдневно изложени на ваков ризик бидејќи доколу дојде до прекин нивното слабо срце нема да чука.
Од Храбро срце велат дека ја добиле и битката за ослободување од партиципација, здравствените прегледи кои биле прескапи конечно ќе се бесплатни.
Месечно овие пациенти трошеле најмалку 12000 денари за редовните прегледи, и дополнително за терапија која чини околу 9.000 денари. Начинот на живот кај лицата со механичка потпора на срцето е диктиран од самата болест и вклучува намалена физичка активност, строг режим на исхрана, примање течности и зголемена чувствителност на временските прилики.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
