Македонија
21. July 2022 - 12:17
Струшките плажи долж езерото оваа година без спасувачи
Струшките плажи долж езерото ова лето без спасители. Сезоната на капење е во полн ек градот е исполн со посетители а капалиштата не се безбедни. Од Црвениот крст апелираат до туристите да бидат крајно внимателни во водите на Охридското Eзеро и речното корито на Црн Дрим и при управувањето со педалинките кои се една од најчестите причини за давеници во вода.
За оваа хумана дејност интересот кај младите е се послаб, градот на мостовите се соочува со недостиг на спасители на вода.
Црвениот крст од Струга оваа година има 8 активни спасители кои претходно беа обучувани и се стекнаа со потребните лиценци но не се ангажирани додека во Охрид 8 капалишта на крајбрежје се обезбедени со 15 спасители на вода.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
