Македонија
20. July 2022 - 12:45

Зголемена побарувачка на огревно дрво во охридско

Со растот на цените на пелетите и поскапувањето на струјата, побарувачката на огревно дрво драстично е зголемена. Продажбата како што посочуваат од Македонски шуми се одвива со вообичаено темпо без проблем се реализира снабдувањето со дрва за граѓаните и уверуваат дека сите кои имаат склучено договор до почетокот на грејната сезона ќе бидат снабдени со огревно дрво.

Од охридската подружница на Македонски шуми велат дека продажбата во нивното стовариште е по ланска цена  демантирајќи ги шпекулациите дека ќе има скок на цената на огревното дрво.

Инаку граѓаните ова лето ги прават последните калкулации на што ќе се греат доколку сакаат да имаат потопли зими.