Свечено отворено 62-то издание на Охридско лето
Со настапот на четворицата италијански тенори отворено 62-то „Охридско лето“
Охридско лето е потврда за нашиот идентитет и потврда дека сме дел од европската култура ,другото се е лага нашиот поглед кон минатото не е за да ѝ го завртиме грбот на иднината истакна министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на најпрестижната културна манифестација .Фестивалот беше отворен со настап на четворицата италијански тенори под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет.
Изјава на Бисера Костадиновска-Стојчевска Министерка за Култура
Конечно, по две години, во коишто пандемијата оневозможи вистинска фестивалска атмосфера и влијаеше врз фестивалската програма, „Охридско лето“ со квалитетна понуда на музички и на сценски настани се враќа на достоинствен начин, којшто и единствено му прилега потенцира претседателот Пендаровски.
Изјава на Стево Пендаровски Претседател на РМ.
Публиката на преполната отворена сцена во стариот дел од градот воодушевена од извонредниот перформанс на уметниците.
Инаку на годинешното 62-ро издание љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
