Македонија
9. July 2022 - 17:43
Охриѓани исплашени од повисоките сметки за струја
И охриѓани збунети од новите блок тарифи за наплата на потрошувачката на електрична енергија. Граѓаните со многу прашалници особено за време на грејната сезона како и за тоа колку ќе плаќаат за потрошената струја бидејќи како што посочуваат и онака едвај сврзуваат крај со крај со платите и пензиите.
Енергетските експерти се согласни дека старите цени повеќе нема да се повторат и посочуваат дека зимава најлошо ќе помниат оние кои се греат на термо печки и греалки.
Од Регулаторната комисија за енергетика пак уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти посочувајќи дека не се очекуваат рестрикции на струјата, иако нè очекува тешка зима.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
