Македонија
24. јуни 2022 - 12:29

Охридските плажи немаат спасувачи

Мал е бројот на спасители на плажите долж Охридското Езеро. Само 10 посто од капалиштата и тоа пред хотелите лоцирани на самиот брег ќе бидат безбедни. Спасителите најавија патроли од вода и копно, но како што велат за плажите кои немаат концесионери грижата за капачите би требало да ја преземе општината.

Точков од Црвениот крст препорачува, локалната самоуправа, на капалиштата каде што нема постојано ангажирани спасители, да постави табли со ознаки дека капалиштата не се безбедни.

Од Црвениот крст напоменуваат дека минатата година имале ангажирано 15 спасители кои биле стационирани или патролирале на плажите, но интересот за оваа хумана дејност од година в година оди во надолна линија.