Македонија
21. јуни 2022 - 12:33
Фекалии се излеваат во Охридското Езеро - екологистите бараат поголема грижа за природното наследство
Загадувањето на охридското езеро останува сериозен проблем.Експертите за заштитени подрачја посочуваат дека потребна е итна акција бидејќи токму негрижата за природното наследство може да го стави охридскиот регион на листата на загрозени подрачја. Според истражувањата на Богнер најзагрижувачко е излевањето на фекалии во езерото.
Загадувањето и од страна на пловните објекти негативно влијае врз растителниот и животинскиот свет во езерото и намалувањето на рибниот фонд.
Инаку утре се одбележува денот на Охридското езеро 21 јуни на кој се испраќаат пораки за интензивирање на заедничките активности на трите крајезерски града Охрид,Струга и Поградец за заштита на природниот басен.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
