Ковид пандемијата го промени социјалниот живот
Ковид пандемијата остави длабоки трауми кај луѓето.Новото нормално денес како што го нарекуваат социолозите предзивика страв и отуѓување.Истражувањата спроведени од страна на социолозите и психолозите од Филозофскиот факултет се фрапантни тие покажуваат дека со секавична брзина е променет односот помеѓу луѓето после две години виртуелен свет кој носи многу нереалности.
На едно од прашањата ,После ковидот колку често се вративте на пријателствата и дружбите повеќе од 70 проценти од испитанците одговориле дека продолжиле со виртуелното кафе и електронските дружби .
Тежок и долг ќе биде патот за враќање на старите позитивни навики од пред пандемијата. Бројот на лицата пак кои имаат потреба од стручна психолошка помош и поддршка е во постојан пораст и се очекува, за жал, тој тренд да се движи по нагорна линија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
