Рама: За смеење и плачење е хистеријата по објавата на видеото
Не стивнуваат реакциите по објавата на снимката од самитот на Југоисточна Европа во Солун на која албанскиот премиер Еди Рама иронично се шегува со македонскиот премиер Ковачевски како премиер на идна „Западна Бугарија“, а која ја прифати и Ковачевски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму бара оставка од премиерот бидејќи смета дека однесувањето на Ковачевски е скандалозно и меѓународно ја омаловажува државата. Време е за избори, вели потретседателот на партијата Мисајаловски.
„Што има за смеење и радување господине Ковачевски? Ако вака понизно и со измеќарски пристап реагирате на јавни омаловажувања и понижувања на Република Македонија, тогаш е јасно дека вие немате кредибилитет и авторитет во меѓународните односи да ги застапувате и штитите македонските национални и државни интереси. Оваа вчерашна сцена само ја соголи вистинската слика за целиот сјај на бедотијата со која се води нашата дипломатија“, кажа Владо Мисјаловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ пак, возвраќаат дека ВМРО-ДПМНЕ ги извртува ироничните изјави на Рама.
По објавата на снимката, од кабинетот на Рама синоќа објаснија дека изјавата била неформална и дека тој всушност користел сарказам и иронија. Денеска и самиот Рама на Твитер ја објаснува намерата.
- Да се смее и или да се плаче на хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија! Кафанска кавга меѓу чадор од ќофтиња, напиша албанскиот премиер на Твитер.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
