Македонија
9. јуни 2022 - 16:38

Власта одби дебата во анкетната комисија за несреќата на Беса транс и пожарот во модуларната болница

Власта не прифати во парламентот да се расправа за двете несреќи – сообраќајката во Бугарија и пожарот во модуларната болница во Тетово во кои животот го загубија 60 лица. Пратениците на СДСМ и ДУИ не присуствуваа на Анкетната комисија за човекови права и слободи во Собранието и го спречија кворумот ова тело да расправа за информации поврзани со двете несреќи.

За опозицијата ваквиото однесување на власта е скандалозно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и БЕСА преку процедурални заблешки обивнија дека СДСМ и ДУИ не сочувствуваат со семејствата на жртвите и одбебегнува одговорност.

Од пратеничката група на СДСМ нема одговор зошто не присуствуваа на Анкетната комсија за човекови права за несреќите иако нивни пратеници беа присутни на останатите собраниски комисии.

Од ДУИ велат дека Комсијата била свикана спротивно на Деловникот бидејќи немало материјали за точките на дневен ред.

Снопче пак, како претседател на Комисијата образложи дека добил материјал од министерствотот за транспорт и врски во врска со несреќата во Бугарија, но не и од МВР и од Царина иако се обратил и до нив.