Македонија
29. May 2022 - 16:35

Ќе се заловуваат уличните кучиња во Охрид

Охрид проблемот со кучињата скитници ќе го решава преку нивно заловување до изградба на стационар за хуман третман. Засега мапирани се околу 70 тина кучиња на најразлични локации низ градот кои ќе бидат вакцинирани ,кастрирани ,утврдена нивната здравствена состојба и повторно вратени на улица .

ЈП Охридски комуналец избра демирхисарска ветеринарна амбуланта која ќе ги третира бездомните кучиња. Југозападниот плански регион има планови за меѓуопштинско решавање на овој проблем со изградба на две станици во Охрид и Кичево .

Инаку само минатата година до ЈП Охридски комуналец имало дури 29 барања за надомест на штети од каснување на кучиња скитници,додека од  почетокот на годинава до сега пристигнале 3 пријави од граѓани.