Македонија
16. May 2022 - 16:38

ВМРО-ДПМНЕ најавува нови активности за предвремени избори - Ковачевски ги повикува на одговорност во Собранието

Протести против власта се еден од идните чекори со кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да обезбеди предвремемни избори во државата, најавува лидерот на партијата Мицкоски. Сепак, тој не открива кога тие би се случиле бидејќи чекорите, како што вели ги планираат внимателно со цел власта да не ги пресретне. 

Продолжува и активната блокада во парламентот. Интерпелација на собранискиот спикер Џафери не е исклучена, но Мицкоски вели веројатно е дека нема да успее. Тој смета дека е прекршен етичкиот кодекс и ја повика меѓународната заедница да го осуди однесувањето на првиот парламентарец.

Мицкоски на отпорот против власта се уште смета на останатите партии од опозицијата и покрај вчерашнотот дистанцирање на Касами од БЕСА, а претходно и на Алијанса на Албанците. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека предвремемени избори се единствениот начин граѓаните да се изјаснат дали ја поддржуваат оваа власта, или пак, ќе се потврдат анкетите ко предност давааат токму на опозицијата.

Од власта, пак, велат дека успешно се справуваат со бојкотот. Коментираат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат под налог на лидерот Мицкоски и прават хаос во Собранието, но дека на крајот не добиле ништо, но затоа пак, е нанесена штета на граѓаните.

Премиерот вели дека бојкотот е исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ, а не целосно опозициски и дека останатите парти од овој блок се однесувале поодговорно во кризни времиња.