Македонија
13. May 2022 - 12:20

Зголемен бројот на пациенти во здравствениот дом во Вевчани

Зголемен бројот на пациенти во Здравствениот дом во Вевчани Откако охридската и струшката болница функционираат со блокирани сметки ,секојдневно се соочуваат и со нови долгови ,имаат недостиг на лекови и доктори специјалисти граѓаните се приморани здравствените услуги да ги користат во Вевчани.

Од Здравствениот дом од Вевчани велат  дека можат да се  справат со напливот на пациенти но следува период на зголемен обем на работа поради престојната туристичка сезона.

Додавајќи дека се отвараат и  нови одделенија .

Инаку во  Вевчани нема недостиг на лекари специјалисти,од 90 вработени 25 % се доктори.