Кризата го зголеми бројот на сиромашни
Глобалната економска криза го зголеми бројот на лица кои живеат во сиромаштија. Повисоките цени на горивата, на дел од прехранбените производи, на зеленчукот и овошјето на пазарите, веќе некое време се реалност за македонските граѓани кои едвај сврзуваат крај со крај. Од Црвениот крст од Охрид посочуваат дека се поголем е бројот на граѓани кои бараат помош точната бројка не ја знаат но како што велат во текот на годината помагаат на околу 600 семејства од охридскиот регион.
Интерес и потреба има и за нега особено на стари лица кои се оставени сами во своите домови бидејќи младите заминале во странство за подобар живот и за лица со попреченост.
Бегајќи од воениот конфликт пак моментално во Охрид згрижени се и 22 лица од Украина на најразлична возраст како што велат од Црвениот крст нивната болка е огромна но прават се за да се чувствуваат подобро во нашата земја.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
