Македонија
7. May 2022 - 21:16

Какви промени предвидуваат измените во собранискиот Деловник?

Само три дена пред најавениот бојкот, власта и опозцијата седнаа на заедничка маса. Не е лидерска средба, но сепак се зборува за работата на парламентотт. По подолг застој активиран е Жан Моне процесот за политички дијалог. Темата е собранискиот Деловник.

Опозицијата бара почести пратенички прашања, побрзи интерпелации, неможност за злоупотреба на европскотот знаменце.

Власта пак, БАРА да се ограничи филибастерингот и можноста за нови блокади.

Сепак, и Мицевски и Митрески велат дека овој процес не е поврзан со политичката ситуација со која се соочува парламентот. Партиските пораки пак, се уште зборуваат за можна блокада доколку премирот Ковачевски не прифати лидерска средба.

„СДСМ не прифаќа уцени, туку ќе се спротивстави на блокадите на Мицкоски нарачани од Груевски. Имаме план да се спротивставиме на сите блокади, заедно со коалициските партнери, со парламентарното мнозинство продолжуваме со работа за граѓаните и државата“, возвраќаат од владејчката партија.