Ковачевски уверува дека власта има легимитет, Мицкоски бара избори
Легитимитетот на оваа влада е потврден и на избори и со поголемо пратеничко мнозинство од 64 пратеници. Ова е е одоговорт на премиерот Ковачевски по вчерашната одлука на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по 10 мај да ја бојкотира работата во парламентот доколку власта не прифати предвремени избори. Ковачевски вели дека опозцијата е неодговорна и дека не работи под нејзини уцени.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, со нов повик за брзи избори.
„Ако се навистина толку јаки, ако велат дека народот ги сака тие ќе нѐ декласираат на тие предвремени избори и ќе имаат чист мандат од четири години да ги спроведат политиките кои велат дека народот ги поддржува, така барем велат во нивните партиски соопштенија. Единствен начин да проверат дали тоа што го пишуваат во соопштенијата е да излезат на избори, да се охрабрат и да видат дали Мицкоски се плашел или СДСМ се плаши“
И пратеничките групи со меѓусебни обвинувања. Од СДСМ велат: опозицијата и сега прави тивок бојкот во парламентот. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, коментираат: Собранието е нефункцинално поради лошите закони на власта.
На најавениот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ вчера веднаш се приклучи и БЕСА на Касами, додека пак, од Алијансата на Села рекоа дополнително ќе одлучуваат.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
