Македонија
1. May 2022 - 16:42

Туристи од земјава и странство и во Охрид

Продолжениот празничен викенд повторно го наполни брегот на Охридското езеро.Ни променливото време не ги спречи бројните туристи првомајските празници кои годинава се поклопуваат со Рамазан Бајрам да ги поминат во главниот туристички центар . Најбројни се оние од нашето соседство и домашните но голем е бројот и на странските гости кои уживаат во природните убавини и културно историските богатства .

Туристичките работници велат дека голема е исполнетоста како во хотелите така и во приватното сместување каде се  барало место повеќе.

Хотелиерите посочуваат дека и  оваа сезона се соочуваат со недостиг на кадар бидејќи голем дел од куварите ,келнерите и шанкерите  за подобра плата заминуваат во Малта и Хрватска.

Добрите познавачи од областа на туризмот се надеваат на успешна летна туристичка сезона поткрепа за тоа се и враќањето на редовни странски туристи и најавите за нови авио линии.