Македонија
30. April 2022 - 19:40

Нуркачи од земјава и странство чистеа отпад на дното на Охридското Езеро

На дното на Охридското Езеро лежат големи количини цврст отпад. Градежен шут, лименки, метални предмети, пластика е само дел од она што на потегот од авто кампот „Градиште”, Музејот на вода и Градското пристаниште го извадија нуркачите.

Тие велат дека најзагадено е на оние места каде гравитираат најголем број на туристи според некои груби информации од една акција се вади во принцип по околу 100-150 кг. отпад.

Нуркачите од соседните земји кои беа дел од акцијата апелираат на поголема грижа за Охридското Езеро и природните убавини околу нас.

Градоначалник Пецаков смета дека потребно е да се организираат повеќе вакви акции, кои може да придонесат за подигање на еколошката свест кај населението.

Околу 80 нуркачи од земјава и регионот денеска беа дел од акцијата за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад во рамките на проектот „Охрид еко 2022″ во организација на нуркачкиот центар „Амфора”.