Македонија
28. April 2022 - 16:37
Ковачевски најавува отворање културен центар во Благоевград, опозицијата обвинува за предавство
Македонски културен центар во Благоевград чие име ќе биде утврдено во консултација со нашите историчари најави премиерот Ковачевски во одоговор на прашањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи за тоа што тој ќе направи за бугарскиот култтурен центар во Битола кој во антифашистичка Македонија носи име на фашист.
Премиерот доби прашање и за случајот на поранешен генерален секретар во владата Мухамед Зекири.
Опозицијата го праша Ковачевски и за зголемувањето на инфлацијата и за новото задолжување од 900 милиони евра. Премиерот вели дека пакетот од ММФ бил поволен.
Денешните пратенички прашања се први по 10 месеци пауза поради летни одмори, локалните избори и изборот на новата владата, и први за тимот на Ковачевски.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
