Вархеји од Скопје: Нема време за губење, процесот треба да забрза
Без изјава за медиумите и без официјална агенда еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска е во посета на земјава на средби со државниот и политичкиот врв. Еврокомесарот дојде во Македонија по средбите со официјална Софија и тоа токму во контекст на дебоклада на нашите евроинтеграциите од страна на Бугарија.
Детали од средбите со Вархеји особено за тоа што е ставено на маса како дел од разговорите меѓу Скопје и Софија не открива ни македонската страна ни самиот комесар.
На Твитер пак, Верхеј напиша:
„Ја почнав мојата посета на Северна Македонија со премиерот Ковачевски. Посветени сме да продолжат нашите напори за почеток на преговорите до крајот на француското претседателство во клучен момент. Македонија е дел од ЕУ. Нема време за губење за да се забрзаат процедурите“.
Во владиното соопштение по средбата со премиерот, пак, се вели дека е разговарано за прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот.
При тоа, постоела согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите, во спротивно прашањето може да остане отворено долг период што не во интерес на ниту една од страните.
„Премиерот Ковачевски нагласи дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со премиерот Петков при воспоставувањето на дијалогот и очекува односи на оваа база“, стои во владиното соопштение.
Вархеји вчера на конференција во Софија нагласи дека ќе доаѓа во посета толку пати колку што е потребно за процесот да биде откочен уште во јуни бидејки Унијата веќе нема интерес да губи време на тоа. Од Скопје еврокоменсарот змаинува во Тирана.
Утре пак, на средби со државниот врв во земјава доаѓа Карен Донфрид, помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
