Македонија
26. April 2022 - 12:23
Дарувањето органи и натаму на ниско ниво
Органодарителството во земјава сеуште на многу ниско ниво.Од здружението Храбро срце најавија кампања под мотото Предизвик се со цел подигнување на јавната свест бидејќи како што велат донирањето органи е нешто што претставува највисок степен на солидарност и човекољубие во моменти кога згаснува едн живот.
Јолески од здружението Храбро срце“, потенцира дека начинот на живот е диктиран од самата болеста секојдневието им е борба за живот, но и за подигнување на свеста за донирање органи.
Од „Храбро срце“ посочуваат дека сами ја водат битката, но потребна е национална кампања со поддршка од државата и институциите.
Досега во земјава има само шест органодарувања од починат донор.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
