Македонија
24. April 2022 - 16:42

Христос Воскресе - православните верници ги исполнија храмовите за Воскресението Христово

Православните верници синоќа го дочекаа Христовото Восресение, најрадосниот верски празник. Илјадници граѓани, по две години пандемиски услови, присуствуваа на светата литургија во црковните храмови, а по објавата на радосната вест ги скршија и велигденските јајца.

Утринава пак, на Прв ден Велигден во Соборниот храм во Скопје се служеше света злaтоуста литургија.

Граѓаните со пораки за здравје, но и мир поради состојбите во Украина.