Македонија
24. April 2022 - 16:39

Честитки по повод Велигден од државниот и политичкиот врв

Државниот и политичкиот врв во државата со честитки до православните христијани и сите оние кои денеска го празнуваат Христовото воскресение.

 „На овој Велигден да помислиме на сите оние коишто страдаат во воените судири, коишто се погодени од елементарни непогоди, коишто се соочуваат со здравствени тешкотии, на сите оние коишто се без топлината на својот дом, на разделените од семејствата, на сите во беда и немаштија“, напиша претседателот Пендаровски во својата честитка.

И премиерот Ковачевски посака мир и просперитет, без поделби и конфликти.

„Оваа година најголемиот празник во календарот на православните верници го одбележуваме во време кога целиот свет поминува низ глобална економска криза и низ тешките предизвици како што е војната во Украина со сите последици од неа. Велигден е и празник на надежта и верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри.

Со порака за хуманост стигна и честитката на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Човештвото поминува низ вистински тешки искушенија и во потрага по вечноста и славата, се заборава вредноста на животот и се посегнува по него без при тоа да се размисли дали тој што не го создал животот има право да го одземе него. Сепак, секој од вас поединечно и сите заедно, немојте да бидете слепи и глуви на ова страдање“, напиша Џафери.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски освен здравје и среќа посака и правда.