Македонија
22. April 2022 - 16:40

„Балканскиот Ерусалим“ - Охрид, по 2 години пандемијата овој Велигден без маски и полн со гости

Пристигнуваат гостите за продолжениот викенд во главниот туристички центар. За велигденските и првомајските празници најбројни на брегот на езерото ќе бидат туристите од нашето соседството од Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција, домашните а се очекуваат и странски посетители дел сместени во приватните апартмани и хотелите а некои и во сопствените викенд станови.

Со олабавувањето на мерките зголемен е интересот од страна на туристите ,цените во приватното сместување се релативно исти како изминатите години а најбарани се дво и тридневните аранжамани.

И покрај кризата туристичките работници се оптимисти и се надеваат дека оваа летна сезона ќе биде подобра од изминатата.