Македонија
17. April 2022 - 16:31

Охрид очекува зголемен број странски туристи

Оптимистички најави во пресрет на туристичката сезона

Втората половина на месец мај стартуваат летовите со редовните туристи од Холандија, гости на брегот на Охридското Езеро ќе има и од Полска, Турција, Израел, а оваа сезона се очекуваат и голем број посетители од земјите од регионот. 

Од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот годинава очекуваат раст на бројот на странските туристи за 20 до 30 проценти.

Очекувањата за претстојната туристичка сезона се оптимистички целта е 2,5 милиони ноќевања и пораст на странските гости. 

Инаку Светската туристичка организација ја вброи земјава на петтото место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи за 2021 година меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Хереговина.