Македонија
10. April 2022 - 16:32
Од 520 вработени во охридската болница само 70 се специјалисти
Охридската болница натрупана со немедицински и непотребен персонал а недостигаат доктори специјалисти. Детското одделение веќе половина година работи како амбуланта поради немање на педијатри па децата се препраќаат на лекување во Струга. Во болницата има вкупно 520 вработени од нив само 70 се лекари специјалисти.
Ниските примања и застарената опрема се едни од причините што голем дел од специјалистите ја напуштаат државата.
Тие својата кариера ја градат во развиените земји.
Во Охрид најкритично е во викендите, за празниците и во екот на туристичка сезона кога дополнително е зголемен обемот на работа. Докторите велат дека за долгорочно решавање на проблемот со недостиг на специјалисти потребна е квалитетна кадровска стратегија.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
