Партиите со меѓусебни обвинувања - Кој не сака една изборна единица?
Опозицијата обвинува дека владејачките СДСМ и ДУИ нема да прифатат една изборна едница и дека зад јавната дискусија договорена вчера во парламентот само го одложуваат процесот.
-„ДУИ има јасна цел овој процес воопшто да не почне со што процедурата во Собранието би била блокирана, а СДСМ знаејќи го тоа повикува на консензус од сите партии иако знае дека тоа е невозможно… Сакаме да го потсетиме Џафери дека кога се работи за измени во Изборниот законик тој е човекот што без консензус го менуваше пред избори и последниот случај со распишувањето на локални избори во Маврово - Ростуша во кој немаше консензус од сите политички партии“.
И од Левица на Апасиев стравуваат дека власта нема да дозволи промена на изборниот модел. Коментираат дека СДСМ веќе најавила нема да ги поддржат измените доколку тие не добијат поддршка од коалицската ДУИ.
-„Во интерес на зајакнување на демократските капацитети на државата, ги повикуваме помалите политички партии, кои се дел од парламентарното мнозинство, да покажат дека не функционираат како полтронски партии и доколку овој предлог на закон не се усвои, истите да го напуштат парламентарното мнозинство“, пишува во соопштението на Левица.
Од владејчката СДСМ велат дека токму опозцијата е лицемерна бидејки таа првично било против една изборна единица. Потсетуваат дека промената на изборниот модел е програмска опредлба на СДСМ од 2016 година, а разликите со ДУИ треба да се испеглаат преку јавната дискусија.
Од СДСМ велат дека не стравуваат дека нивните помали коалициски партнери ќе ја напуштат Владата и ќе предизвикаат предвремени избори бидејки уште од времето на изборите им било познато дека без консензус нема промена на изборниот модел.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
