Македонија
12. March 2022 - 16:31
Ковачевски тврди дека власта покажала одговорност, Мицкоски обвинува дека граѓаните стануваат се посиромашни
Иако заеднички ги изгласаа, власта и опозицијата различно гледаат на тоа дали владините мерки се доволни да ги заштитат граѓаните од економската криза во која влегуваме.
Според премиерот Ковачевски, Владата покажала одговорност народните пари да ги троши за поддршка на граѓаните и компаниите. Тој сепак, повика сите да бидат штедливи бидејќи, како што вели ова ќе биде тешка економска година.
Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, оценките на Ковачевски за успешно справување со ценовниот шок и енергетската криза се нереални.
Сетот мерки на Владата според Мицкоски е задоцнет и нема да ја подобри состојбата, а народот вели тој е фрустриран и никој не верува во капацитетите на оваа Влада.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
