Македонија
12. March 2022 - 16:28
Жителите на струшко Лабуништа бараат помош од државата за каменоломите кои продолжуваат со работа
Каменоломите лоцирани во непосредна близина на струшкото село Лабуништа повторно активни. Жителите се жалат дека иако неодамна биле раскинати договорите за работа од пред околу 5 дена некои од нив повторно работат. Тие бараат надлежните веднаш да излезат на терен во спротивно најавија протести и граѓанска непослушност.
Жителите на Лабуништа реагираат и бараат да се изнајде начин да се реши овој сериозен проблем, кој прераснува во еколошка бомба за регионот.
Струшкото село Лабуништа има околу 9 илјади жители, кои се изложени на загадување од каменоломите. Тие веќе неколку години се обидуваат да го решат овој проблем кој како што велат сериозно го загрозува здравјето на луѓето и животната средина.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
