Македонија
10. March 2022 - 12:33
За 20% поскапеа становите во Струга
За 20 проценти зголемени цените на становите во Струга.Иако има пораст сепак побарувачката е голема велат добрите познавачи од агенциите за невижности.Тие варираат во зависност од локациите оние кои што се покрај брегот на езерото и реката Црн Дрим достигнуваат висина и до 1300 евра додека низ градот во помалку атрактивните места може да се најдат од 500 до 700 евра за метар квадратен.
Печалбарите од Струга и околината се оние кои најмногу инвестираат во недвижнини.
Растот на цените на становите како што посочуваат од пазарот на недвижности се должи поради поскапените градежни материјали и работната рака.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
