Бочварски најавува контрола за пријавените нелегални објекти во Охрид
Инспектори на терен чешлаат каде има нелегални градби во заштитениот појас во Охрид и околината. По реакциите од страна на граѓанските организации и екологистите за неконтролираната урбанизација со која градот може да биде ставен на црната листа на УНЕСКО од Министерството за транспорт и врски најавија секојдневни контроли каде има пријави од страна на граѓаните и почитување на планот за управување и препораките на УНЕСКО.
Министерот Бочварски истакна дека над 65 проценти е прогресот на автопатот Кичево-Охрид кој се очекува да биде завршен кон крајот на 2023 година.
Во однос на тоа дали ќе има поскапување на материјалите за изградба на автопатот, Бочварски истакна дека не сака да прејудицира во однос на цените додавајќи дека најважно од се е да продолжи градбата на автопатот согласно законот и процедурите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
