Македонија
7. March 2022 - 12:21
Архeолошки истражувања под плочникот на охридскиот плоштад
Дали охридскиот плоштад Крушевска република крие археолошка тајна. Овој простор кој треба да се реконструира деновиве се истражува од страна на археолозите, започнати се стандардните ископувања на две локации кои ќе треба да утврдат што всушност има на ова тло за потоа да се започне со уредување на овој дел од градот кој се наоѓа во заштитениот појас.
Колку долго ќе траат истражувањата, зависи од можните пронајдоци под бекатон плочките ,доколку се пронајдат некои археолошки остатоци ископувањата ќе се прошират на повеќе места .
Со проектот за реконструкција на плоштадот ќе се заменат плочките, а ќе се отстрани и постоечката фонтана која е дивоградба со изградба на нова со што просторот ќе добие нов и модерен изглед.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
