Усвоена минимална плата од 18.000 денари
Со 90 гласа „за“ Собранието ги донесе законските измени за зголемување на минималната плата од 15 на 18 илјади денари. За повисок миминалец гласаа и пратениците на власта и пратениците на опозицијата. Сепак, народните избраници три дена потрошија во расправа на седница.
Но, усогласеноста околу минималната плата не е доволна за да се подобри функциналноста на парламентот. Власта и опозцијата се уште меѓусебно се обвинуваат кој го кочи покачувањето на платите на наставниците иако и двете страни велат дека се за тоа. СДДМ повикува да се изгласа нивниот закон.
Опозцијата веќе се изјасни дека со ова решение се партизира образованието.
Блокиран е и изборот на 4 уставни судии. Власта бара да си го поврати мнозинството во Комисијата за избори и именувања пред да се утврдат судиите, опозицијата бара пак, спикерот Џафери итно да свика комисиска седница за ова прашање.
Опозцијата пак, денеска со ново барање - јавна расправа за цените на енергенсите.
Во собраниските процедури поради меѓусебни обвинувања и блокади заглавена е работата на 7 комисии.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
