Македонија
20. February 2022 - 16:40

Нема договор власт - опозиција за Законот за наставници

Ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ не се откажат во своите намери да ги истуркаат своите решенија за повисоки пензии, поголеми плати во образованието или пак, за барањата на матичните лекари иако и двете страни имаат слични или исти предлози.

Од власта, велат дека граѓаните се сведоци на два концепти на делување. Едниот е дека СДСМ покачува плати и пензии, додека другиот е на ВМРО-ДПМНЕ со блокади. 

-„Тоа е особено видливо во македонското Собрание каде со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за поголеми плати на 27.000 наставици и наставнички. ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето и на минималната плата, а нивните градоначалници не презедоа ништо за заштита на граѓаните од енергетската криза... Колку и да е неодговорно ВМРО-ДПМНЕ, колку и да е голема нивната деструкција, СДСМ, парламентарното мнозинство, овие блокади на ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи да успеат“.

Од опозицијата пак, велат дека СДСМ и ДУИ насила туркаат штетни закони за партиски интереси.

-„Лажни се тезите на пратениците од владејачкото мнозинство кои напразно се обидуваат да го одбранат овој штетен закон. Со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат! Како што напоменав и претходно, овој закон има за цел само партизација во образованието... Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да дозволи носење на штетен закон за образовниот процес и за целосна партизација во образованието. На Македонија и е потребено квалитетно образование.

Власта и опозицијата изминативе две недели, по покачувањето на минималната плата, се во судир во парламентот. Иако добија и опомена од евроамбсадорот Гир политичкиот дијалог во Собранието се уште е на ниво тензична со групно излегување на говорница, тропање по маси, заобиколување на деловничките правила....