Македонија
19. February 2022 - 16:31
Преку воведување нови авио линии до повеќе туристи
Преку воведување на нови авио линии до повеќе туристи во нашата земја. Најавени се чартер летови од Измир до Охрид, a привршуваат преговорите и за линијата Охрид-Белград со оглед на тоа дека гостите од Србија и Турција се најбројни на ривиерата. Се преговара и со рускиот и израелскиот пазар, а потврдени се и повеќе чартер летови во текот на летото од Холандски и Полски тур оператори.
Од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот најавија дека oваа година очекуваат над 2,5 милиони ноќевања слично како во 2019 година.
Добрите познавачи велат дека туризмот започнува со закрепнување, преку саемски претставувања на потенцијалите на нашата земја туристичкиот сектор отвора нови можности за зголемување на бројот на туристите.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
