ДКСК: Корупцијата се уште е широко распространета
Граѓаните сметаат дека најголем проблем во општеството е корупцијата. Тие не се оптимисти дека таа ќе се намали во иднина, а како најкорумпирани ги сметаат судиите, министрите, пратениците, градоначалниците и обвинителите. Ова е дел од истражувањето за проценка на корупцијата спроведено од македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Вкупно 80 проценти од анкетираните сметаат дека желбата за брзо богатење на оние кои се на власт влијае на широката распространетост на корупцијата.
И антокорупцинерите сметаат дека корупцијата е широка распостранета и дека ја има и во политиката, и во изборните процеси и во судството, но и градежништовото и транспортот.
Шефот на државата Пендаровски пак, критикува дека корупцијата е присутна бидејќи постои политика на неказнивост и отсуство на јавен срам кај корумпираните.
Дипломатите пак, бараат посилни заложби во борбата против корупцијата и очекуваат резултатите уште идната година
Вицепремиерот за справување со корупцијата пак, вели оваа влада е првата која прави сериозни и конкретни чекори во оваа сфера.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
