Алтернатива останува дел од новото мнозинство, утре седница за гласање доверба на Владата
Опозицијата технички ја измени Инцијативата за недоверба на Владата за да се задоволат барањата на сите пратеници и повлече 17 потписи, меѓу кои и потписот на лидерот на Левица Димитар Апасиев. Со тоа опозициската коалиција за рушење на владиниот кабиент на Зоран Заев повторно го врати мнозинството на 61 пратеник. Гаши вели дека не е за брзи избори и би влегол во нова влада само со евроатланска ориентација.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат мирна транзиција на власта од Заев.
Апасиев, не сакаше да ги коментира промените во инцијативата, на смс само кратко ни напиша: „Влада ќе падне утре!“.
Власта пак, тврди дека мнозинството се уште е на нивна страна, а премиерот Заев нема да ја ефектуира оставката уште некое време токму за да го стабилизира мнозинството во Собранието.
Од ЛДП не одговорија што размислуваат за тоа дека Заев останува премиер и како би се изјасниле по гласањето за недоверба на владата.
Од ДОМ пак, велат дека не се дел од инцијативата за недоверба, но дека утрешниот ден ќе се покаже чие е мнозинството.
Според Уставот и Деловникот, во случај парламентот утре да изгласа недоверба на владионот кабиент се активира механизмот за избор на нова влада.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
