Милевски најави нова влада за 10 дена и зголемување на парламентарното мнозинство
Најавената оставка на премиерот Зоран Заев деновиве ќе биде доставена во Собранието, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар, а за 10 дена веројатно ќе се избере и нова влада.
Ова динамика на политичката сцена по неделните избори, но и отворените дилеми дали Заев ќе се повлече дури пред Нова година вечерва ја најави владиниот партнер на Заев - лидерот на ЛДП Горан Милевски. Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.
Милевски потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката заповлекување поради лошите изборни резултатите. При тоа, лидерот на ЛДП, нагласи дека очекува да се зголемува владејачкото мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива.
Во јавноста веќе се спомена средба на Заев со Гаши, но од Алтернатива демантираат дека ваква средба имало, но не прецизираат дали ваков состанок е можен наредните днеови. Досега ставот на Алтернатива беше дека не треба да се дава поддршка на Влада која, како што велат, е во слободен пад.
Заев, како што потврдуваат од БЕСА пак, неделава ќе се сретне и со нивниот лидер Касами и тоа за идното функцинирање на владиното мнозинство и евентуална реконструкција на владиниот кабиент по неговата оставка.
Касами по победата во Тетово против Арифи од ДУИ со помош на опозициски гласови потврди дека останува во Владата, но дека е потребна и реконструкција при што не е сигурен дека БЕСА ќе даде поддршка за сите министри од ДУИ.
Поединечните средби на премиерот доаѓаат по заедничката понеделничка средба на владините партнери токму поради неговото повлекување.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
