Македонија
15. November 2020 - 16:43

Болниците се борат со недостаток на здравствен персонал и над 1100 хоспитализирани со Ковид-19

Амбулантното возило што го вети премиерот Заев пристигна во струмичката болница. Возилото e донација од  семејната фирма на Заеви Тотал Инженеринг. Освен возилото, семејството Заеви за болницата во Струмица донираше и дополнителна опрема во механички креветии и шкафови за новиот крак ,вредни 1 милион  и 250 000 денари.

,,Нашата надеж е дека ќе има се помалку причини за да тоа возило се користи и дека ќе има се помалку луѓе кои ќе имаат потреба тоа да се користи. Но кога ќе има потреба, посакувам да се користи со здравје и со среќа за сите наши граѓани од струмичкиот регион и од целиот овој регион, од југоисточниот дел на нашата држава. Она кое што сакам да го испратам денеска пред се како граѓанин, како струмичанец, ниту како пре,миер, ниту како претседател на СДСМ е пораката на солидарност која што ни треба на сите.,, рече премиерот Зоран Заев.

Возилото за кое директорот на болницата јавно побара помош преку социјалните мрежи не е единствениот проблем во струмичката болница. Недостасува и медицински персонал. Министерот Филипче вели дека ова е проблем присутен на територијата на цела држава.

На денешниот настан реагираа од ВМРO ДПМНЕ.  Велат срамота било  кога цела влада на чело со Заев се собира за да предаде во употреба едно амбулантно возило, кое немаше дабиде ниту набавено доколку директорот на болница јавно не молеше за помош.

,,За пусти политички поени Заев направи настан, за случај од кој треба да се срами, затоа што градот кој го водел 10 години го оставил без доволно болнички возила, а како премиер 4 години ниту во Струмица, ниту во било кој друг град набавил амбулантни возила , па мора да се слика со возила кои се донации. Со 530 илјади евра кои само Шилегов ги дава за диносаурусите и лампионите, можат да се набават 15 болнички возила..,,  - стои меѓу другото во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.