Хуманитарна модна ревија во Струмица
Под мотото „Убави сме, свои сме“ а по повод трети декември попладнево во Струмица се одржа хуманитарна модна ревија на која како модели се појавија деца со различни видови на попреченост, а како нивни придружници повеќе познати личности од општествениот и културниот живот на Струмица.
еѓу другите поддршка како модели на манифестацијата дадоа сопругата на премиерот на Република Македонија Зорица Заева, градоначалниците на општините Струмица и Валандово, советници во локалната самоправа, пратеници естрадни уметници, новинари.
Организатор на манифестацијата беше здружението Вера од Струмица, а целта беше преку еден ваков настан да се испрати порака до сите во општеството дека и лцата со попреченост се исти и ги имаат истите права како и останатите, знаат и можат само треба да им се даде шанса да го покажат тоа.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
