Македонија
11. November 2017 - 16:08

Полициска потера како на филм : Затворената балканска рута, го активираше илегалниот транзит на мигранти

Балканската мигрантска рута оддамна е затворена, но обидите за нелегален премин на границата и за криумчарење мигранти не запираат. Македонските погранични служби секојдневно се соочуваат со нови обиди за нелегални премини на државната граница. 

Во просек  на дневна основа има по десетина, а некогаш и многу повеќе  обиди за нелегален премин или помеѓу 250 до 300 лица на месечно ниво.  Според статистиката на МВР само во периодот од јануари до септември годинава  во обид нелегално да ја преминат државната граница биле спречени вкупно 2831 лице.

Државите од кои доаѓаат се различни но најчесто ги има државјаните на Ирак, Иран, Бангладеш и Срија.  Најголемиот дел од нив се откриваат во регинот на Гевгелија, но такви обиди се регистрираат и вдолж целата јужна гранична  линија.

Последниот случај  полицијата го регистрираше синоќа кога бил спречен обид да бидат прокриумчарени 13 мигранти. Случајот го открила мешана полициска патрола од македонски и хрватски полицајци кои на  автопатот  Гевгелија Скопје во близина на Удово забележале две сомнителни патнички возила,  „Опел Вектра“ со штипски и „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.  И покрај дадениот светлосен и звучен знак од страна на полициската патрола возилата не застанале туку со зголемена брзина се упатиле во правец на Струмица за да после кратко време го променат правецот на движење и продолжат кон селото Попчево. По извесен период возачот од возилото Форд Мондео  и покраај тоа што истото сеуште било во движење излегол од него и се качил во другиот автомобил кој со голема брзина се упатил кон селото Водоча.

При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца кои биле  во непосредната околина. Тие се однесени во полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка.