Македонија
11. November 2023 - 16:38

Ништо ново во новиот Деловник на Собранието

Новиот Деловник кој Собранието треба да го усвои пред крајот на својот мандат нема да смени многу во работата на законодавниот дом. И новиот собраниски состав ќе може да биде блокиран со илјадници амандмани откако спикерот Џафери и попушти на Левица и го прифати нивниот амандман со кој се повлече измената со која во сите собраниски комиисии амандманската распава беше ограничена на три дена. Ваквиот развој на настаните следи откако токму Левица со 2000 амандамни ја блокираше Комисијата за деловнички прашања и го принуди Џафери на преговори.

Но, Џафери во преговорите со Левица успеал да се избори да не помине амандамнот против двојазичноста како и амандманот кој го ограничува Претседателот на Собранието да не може да преиспитува референдумски инцијативи.
Новиот деловник ќе почне да функционира во наредниот пратнеички мандат, а пред крајот на овој, опозицијата обвинува за нови злупотреби

Брисел не штедеше критики за работата на Овој собраниски состав кој со повеќе од половина од законите донесени во скратена постапка, статистички е еден од најслабите во македонската демократска историја. Европското знаменце е дополнителен проблем, а мнозинството се брани дека е принудено да бара пократок пат за своите законски решенија поради блокадата на опозицијата која ја смета за главен виновник за лошите резултати на Собранието.