Николоски: Во август јавни презентации на студиите за брзата пруга, изградбата стартува на крајот на годинава

Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски.
- Одлично се одвива подготовката за изградба на Коридор 10. Изработката на еколошката студија и студијата за влијание врз социјалната средина е готова. На почеток на август ќе има јавни презентации, ќе има најмалку четири - во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија каде што ќе може локалното население да се запознае. Се работи навистина за квалитетен документ од скоро 1600 страници којшто ги опфаќа сите аспекти. После тоа на него се прави ревизија, односно се вклучуваат коментарите на локалното население и согласно договорот којшто го имаме, до 31-ви август оваа работа треба да биде завршена, по што би влегле во конкретизирање и пишување на договорите за финансирање на проектот и за изведба на проектот. Се е според планот како што најавив - изјави Николоски, на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода.
Прашан за детали околу финасирањето, укажа дека согласно со домашните закони условите ќе бидат јавно презентирани во Собранието и оти дотогаш не може да се споделуваат со јавноста.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
