Македонија
12. May 2026 - 9:34

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза

Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. 

- Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид - Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија - се вели во објавата од вицепремиерот Николоски.