Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме

Од Европската Унија многу се заинтересирани за Коридор 8.
Го прогласија за втор најзначен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, затоа што почнува во Италија преку Драч, Тирана, Охридското Езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Бургас и Врана и завршува во Одеса, и е многу значаен во овие глобални случувања, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во поткастот на порталот Курир, како што информира Министерството за транспорт, Николоски посочува дека од ЕУ се заинтересирани и за Коридор 10, најдолгиот и највитален коридор, кој почнува во пристаништето Пиреја и завршува во Хелсинки.
-Така што многу се заинтересирани за двата коридора. Ние имаме среќа што двата паневропски коридори се сечат источно од Скопје, а третиот европски Коридор 4 поминува паралелно со нас во Бугарија, така што имаме уникатна положба и се обидуваме да ја искористиме. Оваа географска позиција сакаме да ја искористиме и да донесе економски бенефит за граѓаните и подобар живот на граѓаните, истакна вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
