Македонија
25. February 2023 - 16:40

Никој не може да ги „реши“ дивоградбите во Националниот парк Галичица

Бројните дивоградби во НП Галичица го загрозуваат статусот на Охридскиот регион на Унеско .Околу 30тина бесправно изградени објекти се приоритет за рушење но како што посочуваат од паркот многу често од надлежните по пријавите им било посочено дека веќе е отпочната градба за легализација на објектите и неможе ништо да се превземе.

Со оглед на тоа дека паркот без пари од државата се финансира од  наплата на влезници и од меѓународни донации кои не се постојани може да се врати кон старите методи на финансирање, односно сечата на дрва, што според сите препораки, не треба да се применува бидејќи националните паркови се природно богатство.

Сепак најголемиот проблем со кој се сочува паркот е прекумерната урбанизација која се најде во забелешките на Унеско и за која се алармира со години, но за жал, речиси ништо не се презема.