Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска

Силното невреме што вчера зафати делови од Балканот предизвика повеќе штети во Босна и Херцеговина и Хрватска, откако гром усмрти околу 30 овци во БиХ, а предизвика и шумски пожар во близина на Макарска.
Според босанската национална телевизија, гром синоќа удрил во стадо овци на планината Хрбина во Босна и Херцеговина, при што угинале околу 30 животни. Подрачјето на општина Бугојно беше зафатено од силно невреме, при што за еден час наврнале околу сто милиметри дожд на метар квадратен.
Во Хрватска удар на гром предизвикал пожар во борова шума на подрачјето Осејава над Макарска. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот бил брзо изгаснат и било спречено неговото ширење, при што не биле загрозени станбени објекти.
Во далматинската Загoра и на островите во средна Далмација имало грмежи, молњи и дожд, но според првичните информации од пожарникарите, невремето не предизвикало поголеми последици или материјална штета.
Во Стари Град на островот Хвар, поради нагло зголемување на нивото на морето, водата накратко се излеала на ривата, но не била потребна интервенција бидејќи станува збор за вообичаена појава.
Претходно, Европскиот систем за предупредување од силни бури (ESTOFEX) издаде највисоко, трето ниво на предупредување за делови од Балканот, поради ризик од разорни ветрови, крупен гради грмотевици.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
