Невладините алармираат за ново уништување на охридскиот брег
Додека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го обвинува Охрид,за критиките од Унеско во Струга на диво се градат објекти и плажи. Од Општина Струга на фејзбук страната објавија дека „најодговорно и најпрофесионално ги извршувала, сите обврски спрема задолженијата на УНЕСКО но на терен сликата е сосема поинаква,Од Охрид СОС посочуваат дека после Радожда, на две локации помеѓу Струга и Калишта се уништува појасот трска и се тампонира на самиот брег.
Не ни е познато дали градоначалникот или некој од локалната самоуправа ги прошетаа членовите на мешовитиот експертски тим за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро да видат што навистина му се случува на крајбрежјето и колку е моменталната ситуација на линија на препораките и укажувањата на UNESCO.стои на страната на Охрид СОС
На обвинувањата деновиве реагираше и охридскиот градоначалник Пецаков кој истакна дека трагикомично е за неодговорно работење да коментираат оние кои се впишани во меѓународните црни листи .
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако заврши на црната листа на САД е недостапен за медиумите, не одговара на повици и пораки.Од Охрид СОС велат дека Facebook страницата на општината ја исклучила опцијата за означување, што само ја покажува транспарентноста во работата. Истото го сториле и од Државен инспекторат за животна средина.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
