Loading Video...
Свет
7. November 2023 - 16:31

Нетањаху: Израел ќе победи во војната против Хамас

Израел ќе победи во војната против Хамас. А oткако ќе заврши војната Израел ќе ја презеде одговорноста за безбедносната ситуација во појасот Газа на неодредено време порача израелскиот премиер во интервју за Еј БИ СИ ЊУЗ.

„Газа треба да биде управувана од оние кои не сакаат да продолжат по патот на Хамас. Мислам дека Израел, на неодреден временски период, ќе ја има севкупната одговорност за безбедноста. Кога ја немаме таа безбедносна одговорност, она што го имаме е ерупција на теророт на Хамас од размери што не можевме ни да ги замислиме“, изјави Нетањаху.

Нетанјаху повторно ги отфрли повиците за прекин на огнот. вели дека прво треба да се ослободат заложниците. Хамас возврати дека ниту ќе ги ослободи, ниту ќе престане да се бори додека Газа е нападната. Борбите продолжуваат околу градот Газа, а израелската армија соопшти дека ги истиснала борците на Хамас од едно од нивните упоришта во близина на градот. Израел најави дека ќе дозволи влез на хуманитарна помош, но само во точно утврдени термини. Според ОН, дневните испораки на помош за појасот Газа се симнати на една третина од нивото пред војната. Денеска се навршува еден месец откако Хамас навлезе во јужните делови  на Израел убивајќи 1.400 лица, најголемиот дел од нив цивили а над 240 Израелци и странци беа земени како заложници и одвлечени во Газа. Палестинските власти соопштија дека бројот на загинати во Газа надминува 10.000, меѓу кои над 4400 деца во израелксите одмазнички напади. Газа не безбедно место за никого, порачува првиот човек на светската организација.

Газа станува гробница за деца. Стотици девојчиња и момчиња се убиени или ранети секој ден. Според извештаите, повеќе новинари се убиени за четири недели отколку во било кој конфликт во последните три децении, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.